задуши св.

задуши (св.)

Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак си локал ракија. Тфу, смрдиш како бочва! Потаму од мене, ќе ме задушиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На раце те носев кон постелата да го задушам тоа прашање на твоите усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дека во себе не можеш да задушиш нешто што е посилно од тебе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И буткајќи ја смрзнатата тупаница во големата уста, го задуши плачењето, во страв овој човек овде и мртов да не му се насмее за неисполнетата клетва.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Замислете, еден пријател на ѕвездите ми прорече дека ќе се задушам со полноглавец.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако не го гледаше, Аргир чувствуваше како му се приближува и сака да го зграпчи и да го задуши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Арсо му се плачеше и од болка и од задушување, и од изненада, и од нешто друго што сега бликнуваше во него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во сматената свест буквите на Викторија се виткаа и тонеа во темната проѕирност на водата и морничавите усни, задушени од Анините гради, издивнуваат кратко, со призвук на каење и виновност. - Ана, Ана!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со гранките испреплетени сонцето си го затемнија и се задушија. Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се буниш што луѓето се затворени, а ако ги пуштиме надвор ќе се задушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Париското метро е најбрзото превозно средство, зашто преголемиот број на автомобили толку многу ги задушува улиците, особено главните сообраќајни артерии, што во определени часови од денот оваа река од коли просто лази, додека истоврмено под земјата, низ безброј испреплеткани лавиринти и тунели, се движат електрични возови со кои побрзо се доаѓа до целта отколку со најлуксузните и најбрзите автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ги полнат устите со месо, со ориз, со леб и губат здив, речиси се задушуваат, па мораат да џвакаат со отворени усти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Воздух немам веќе, се задушувам!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нашите почнале да се задушуваат од чадот и тогаш решиле да излезат, ама не и да се предадат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе