заповеда св.

заповеда (св.)

Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СПИРО: Како не знам, чорбаџике? Кога чорбаџијата нешто ќе заповеда, тоа го знае сѐ живо во куќава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Знаеш, чорбаџике, тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ти не го знаеш, брат Арсо, каков е, што ќе заповеда тој, како бог... (Го остава дикелот и си ја брише потта.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Жената го пушти Панча, и му заповеда да ѝ помогне околу мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И долго и широко ќе почнеше да ни расправа за јуначкото семејство Караѓорѓевиќ заповедајќи ни да носиме црно платно на јаките. - Треба, придавки, да разберете.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Како, а? Не чекаше одговор. Заповеда: - Префрлајте се.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стале облетува околу отец Арсенија, го служи и кога овој не заповеда, а и својата редовна работа околу авурот, воловите, коњите, кравите не ја остава поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Тоа е, дошло, ќе се трае", си велеше Стале и гледаше како над сите момци стои отец Арсенија и само да трепне со левото око сите на нога се наоѓаа, Ништо не работи тој отец, им заповеда на сите и крка ли крка одделно од момците, во своето одајче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури почна да им заповеда на селаните кој што да работи, што сака од секого „светијата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А сега злото му беше на кланикот и нему му заповедаше да му биде ортак.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Оди, ќе му заповеда. Остави ме.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Еве го надвор, чека на одговор. – Доведи го веднаш кај мене – заповеда султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој сака нека плаче и нека се жали, јас ќе слушам и ќе бидам јунак и ќе станам кадија – цврсто се реши Ангеле да не плаче и да слуша што ќе му заповеда кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Уште повеќе што Централниот комитет изречно ми заповеда - Младичот никогаш да не разбере дека го убил токму него, Ѓорчета Петров.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И тука го дочекува часот кога стариот ќе му заповеда да ги залости ќепенците. Молчејќи се упатуваат дома.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Тивко! Приберете се и бидете подготвени да го пречекаме!“ - заповеда високата георгина и ја гушна својата втора сестричка којашто исплашена се втурна кон неа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Им заповеда да се свртат кон ѕидот од оградата, терајќи ги да ги кренат рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ви пожелува успех и ве поздравува ваш Тале“ - Наполнето го самарчето слама!- заповеда командирот Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе