измачен прид.

измачен (прид.)

Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ти ветувам. Потоа сум само твој, измачен мој ангелу!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го сеќаваше погледот на онаа измачена дивинка зад себе во својот тил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доктор Коста се врати дури следното утро. Измачен, темен во лицето, небричен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Танкиот врат на измачениот султанов војник не го издржа ни првото стегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Очигледно никогаш немаше мирен сон, кога се пробудуваше изгледаше измачен и длабоко несреќен, претепан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Толку сум исцрпен и измачен од некоја неопислива мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сириецот се испулува со зацрвенетите, тркалезни очи: - Кажуваа дека во коњот влегла душата на измачениот Евреин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- А најстрашно е - зборувам со измачен глас - јас мислам дека јас сум виновна, дека го донесов вирусот...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Погледот ѝ беше како поглед на луд светец: опсесивен, телесно измачен, но не ми беше грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И без да сакам да мислам на тоа, се видов во темна рударска јама, измачен и гладен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
О, колку често во текот на краткиот престој во Албанија, во нејзиниот измачен релјеф од драконското спроведување на погрешно пресадените идеи во развојот на земјата, иднината, запаѓав во резигнација и безизлез.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Размислуваше во некаков измачен бес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Една безбојна, измачена жена, со разбушавена коса и со испиено лице, стоеше пред вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и да се организира и да се крене масовно востание, тоа, според нив, ќе му донело само несреќа на измаченото население, но не и слобода.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе