корален прид.

корален (прид.)

1. Тоа е корален звук на море што надоаѓа Непознато писмо забележува еп За земјата што ја разјадува цвеќе.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Пекол на Рајските острови: иако на наследниците на првиот колонизатор, едноокиот гусарски капетан, Џон Џонс, наречен „Џонс Крвопиец“ им е исплатено 23 долари како надомест за сопствеништвото на поседот, референдум е сепак неопходен – дали 35-те корални островчиња ќе бидат присоединети кон својот голем сосед, од чии брегови го делат 1500 километри или ќе го задржат досегашниот независен статус?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Христијанската доктрина учи дека човекот мора да го загуби својот живот за да го пронајде, и тоа не е чиста софистичка проповед од Отсекот за изгубени и пронајдени работи, бидејќи човек стварно може да пронајде нешто што претходно не изгубил: паричка во трева; порака во шише адресирана на некого; совршено добар пар женски наочари за сонце на пет метри длабочина на еден корален остров и, плутајќи блиску, палимпсестна страница од некој роман или кус расказ (повеќе читлива отколку разбирлива, барем вон контекстот, наспроти потопувањето), како некоја сирена да е прекината среде читање; сјаен нов животен партнер; наративен глас со кој може не само да се почне туку и да се продолжи понатаму и понатаму и понатаму предвидливата приказна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ги знам и твоите корални усни, тој спокоен и ведар насмев.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Остани... од бакнежи ќе направиме ѓердан корален, од прегрнување аркади...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)