кочанка ж.

кочанка (ж.)

Ама, ете така, со млада кога се спиело и од кочанки да била постелата, пак не би ти се станувало, а камо ли што од баба Анча постелата е полна со слама и паперка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Котевица излезе да вара да не најде нешто такво некаде низ куќи, а Коте го извади ќесето со тутун и лулето од кочанката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа дури до горе, до грлото, ќе го соѕида грнецот со суви лепешки, а потоа ќе ги потпали лепешките, јали со суви кочанки, јали со троа борина, и ќе го остави да вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се затвораа во кошарите и се триеја, откако пред тоа ќе се насапунеа со миско сапунче, првин со суви кочанки, а потоа и со памучни крпи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пред да легнат го наполниле огништето со кочанки за да им биде топло ноќта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- И од пред мене, - вели баба ми, а малку понатаму седи дедо ми крснозе, пред него мезе и пагурчето со ракија, пуши на луле од кочанка и го сука мустаќот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се ослободи од непотребните работи во куќата: од разните шишиња што ги најде во долапот затворени со тапа или со кочанки, полни или полупразни со разните течности: масло, газија, крстена вода со босилок внатре, недопиена ракија или вино, лекови од тревки, варова вода и друго - ги исфрли надвор ослободувајќи ги од нив заробените мириси.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А населението си се вика: кочанчани, кочанки, а децата - кочанчиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ане одговори така од рака, па од зад грбот извади цел бинлак, и тоа плетен сиот освен газерот, и со чеп од пченкарна кочанка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кога ќе ја отнеше тапата од шишето, таа пукаше како ќорфишек од берданка - шишето завиткано во стари весници, стуткана мукава или, сплетено ако е поголемко, во ѓолско лико, а тапата не од плута како што беа граничните пловки на езерото туку од исушена кочанка што излегува од устињето насилно, со офкање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жената, меѓутоа, клекнува пред еден трупец, ако не за колење петли барем за цепење дрва, па прво со ножот ја распорува кратко по мевот и ја чисти од сиромашната внатрешност, па потоа со рендето ѝ ги струже перките што летаат наоколу како искри од белутрак. Така, една по друга, сите рипки како изглодани кочанки пченка, сега мирни под мишка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)