ладовина ж.

ладовина (ж.)

Сонцево, само што се испилило, а ѓаволски пече. Денеска не ќе има ладовинка.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таму, во дебелата ладовина, читаше разни книги.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За миг од дебелата ладовина се разнесува песната: „Горо ле, горо зелена, имаш ли вода студена, да дојдам да се напијам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ти секогаш си во ладовина. Ти поубаво живееш од мене.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Високи сенчести буки одеднаш се наредуваат од десната страна на патот и простираат пријатна ладовина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да ми е да се напрчам во ладовина, сѐ што е женско да се собере во ред и само да се насадуваат и да си одат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислиш не знам и јас со четирите угоре? Ракијата, цигарата, ладовината?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Велат дека речиси секој жител на градот барем еднаш неделно поминува по неколку часа во ладовините на оваа планина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со тоа нашиот град ќе биде посиромашен за едно дрво, за една сенка, за една ладовина, за некое птичје гнездо и не знам за колку кислород што тоа дрво би го создавало кога би се развивало, кога би пораснало!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не сме итроманци и не кмишиме во ладовина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Саше беше дома. Седеше на терасата под густата лозница и уживаше во ладовината што си ја направил прскајќи го долго дворот со црево.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Костеновите шуми по ридовите вишнееја со темна ладовина, а шимшировите дрвја се спуштаа далеку кон реката Треска.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во аголот одвај чујно брмчи клима уредот. Ладовина. Надвор нѐ гореше летната жега.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од таму ветерот навева ладовина и мирис на бура...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стебленцето на тревата затреперува под тешката капка којa полека пифтосува во утринската ладовина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)