месојад (м.)

Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ЛИОТ- диво животно, месојад што ги напаѓа домашните животни.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не можев да определам дали е тревопасец или месождер, ми се чинеше дека во својата огромна алчост би изел и најгласен отпадок, само да џвака, голта и си го полни желудникот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Стаорецот“, рече О'Брајан, и понатаму обраќајќи ѝ се на невидливата публика, „иако е глодач, е месојад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)