навира несв.
навири св.

навира (несв.)

- А-а! Ами ти што? Андон ги избриша со два прста влажните краеви на устата и пак плашливо затрепка; секогаш кога ќе се смееше, од ситните очи му навираа солзи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имаа слушано дека и живи на кол навирале агите, ама сепак се тешеа белким дотаму нема да ги мачи кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се нижеа сеќавања: неизмерлив тек. Тече. Навира. Измачува...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа што некогаш беше живот сега навираше и наоѓаше место во мислите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Низ носов ми навира бес.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се џариме низ прозорецот од куќата на чичко Лозан, а восхитот ни навира и ни пламти во нас со силина и машкост.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Завршувањето на војната луѓето го прославија шеметно: ја собраа сета комина што ја имаа по бочвите и каците и ја турија во селските казани да се вари; црпеа луѓето со чашки, со канчиња, заграбуваа со грсти уште од првата протока и пиеја; пиеја како да се натпреваруваа кој може повеќе да испие, кој може побргу да се опијани, збрлави; се бацуваа меѓу себе, се гушкаа, се миреа скарани, си ги отпетлуваа кошулите на градите и си ги даваа срцата еден на друг; ги собираа шлемовите од војските расфрлани по бавчите, ги навираа на колови и ги гаѓаа или се мочаа во нив; трчаа по секое преживеано добиче да го колат; се правеа заеднички гозби на широкиот пат крај езерото; кој како ќе донесеше нешто за колење, така луѓето викаа: „Придај господе!“ и му го удираа ножот; кој немаше добиче, носеше кокошка или петел; петлите, пред да ги заколат ги испијануваа со ракија: нивното кукуригање беше највеселото нешто: се натпреваруваа кој од кој посилно ќе пее.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не му се дели од нас, му навираат солзи, ама ги голта. Не ги пушта на земја, не остава да му се видат... 222
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после го кутнавме телето, а тоа ги раширува очите и ме гледа жално, жално, солзи му се навирале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војници го навирале носот и им тече ко кладенче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само западниот раб му е извезен со размачкано руменило во кое се навираат портокалови нишки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Солзите само ми идат, ми навираат, а не смеам да се расплачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Писокот на југајците по дрвјата им навираше морници.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Слезе Анко и застана под прозорецот да го слуша. Го слушаше а на очите навираа солзи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ние молчевме, а некоја лутина ни навираше во градите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Повеќе