насад м.
насади св.

насад (м.)

Полето имаше изразито зелена боја што се преливаше во разни нијанси што идеа од насадите на нивјето: пченица, 'рж, пченка, детелина, трева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овде Мајка брзо ги накалеми во градината јорговановите насади, расцутија и цвеќињата, од семињата донесени од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Џинот се смее Никогаш не дружел со толку откачен затвореник Ние сме играчки на релативноста, вели тој со епилептични гестови Инструменти за реализација на сложени композиции Од кои прска умот а облаците воздивнуваат Гледам како растат отровни насади во неговата утроба (На моменти кожата на Џинот станува проѕирна Дури и розовомлечна, како кај Аксолотлот На Кортасар или како статуите на Буда излеани од Кинески проѕирен порцелан).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Па сепак небото е градина а поетите мудреци со раце преполни зрна зафатени со негувањето таинства, иако суетата е најгорчливиот плод на нивните насади.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)