натпреварувач (м.)

Така, неодамна, во некоја емисија, обични луѓе, натпреварувачи, плачат над супермаркет количката натоварена со дебели мисирчиња, џиновски кутии детергент, плачат како да ги погодила некаква невидлива природна катастрофа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сечам сцени со плачливи американски натпреварувачи и ги додавам сликите на домашните масакри. И така по ред, воведувам ред меѓу луѓето. А потоа изморена се откажувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Учесниците и натпреварувачите што ги запознаваат зачудувачките правила припаѓаат на различни хиерархии и докажуваат дека, без оглед на тоа што игрите претежно се наменети за децата, значењата се далекусежни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сакав да возам велосипед, но не можев да видам како тоа го правеа другите, професионалците, вистинските натпреварувачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)