необично (прил.)

(Бара клуч во палтото и од како го наоѓа отклучува, но кога го подига капакот и некој ризи очите необично ги отвора и паѓа — седнува пред куферчето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ваквиот негов став секако бил овозможен од големите и необично значајни општествени поместувања што се вршеле кон крајот на XVIII и во почетокот на XIX век.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Начинот од тага, созрева необично: лудо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледаше љубопитно кон мене како нешто необично да видел на мојата глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крсте и Неда останаа сами. Необично на двајцата, ама веќе се приближија еднододруго и почнаа да се ослободуваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше темна, необично темна. Како страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сликите, стиснати во рамката на отворениот прозорец, беа необично живи и подвижни, затоа во собата се беше во некоја темна, студена неподвижност, сѐ, дури и оној мирис што го имаа старите куќи во занемениот град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде уште еден убиен - црн, клунест со закопани нокти во килимот прошаран необично со црвени капки и ситни срчи на очила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се губи во еден необично возбудлив свет и во него е готов на секакви лудории, да го минира светот или просто да убие некого.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Телото на Арсо му изгледаше необично издолжено. Тенкото јаже врзано на решетката длабоко се беше вкопало во неговиот врат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тој е необично отпорен на нивните налети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За Зоки ова е малку необично. Тој отсекогаш мисли дека е пораснат, но другите тоа како да не го признаваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се разбира, и тоа какво лето! Необично и неповторливо.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки Поки не е ни циркуски кловн, ни фудбалер, ни седмоглаво чудовиште, ни волшебник, ни риба, а сепак има необично име.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Не изгубиле ништо што го спечалиле со труд! - си рече Малчо, чувствувајќи се наеднаш необично среќен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нешто необично се испречило пред неа штом ме вика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Малчо, како што рековме отпрво, беше малку необично дете, имаше во неговата душа и малку злобност и среброљубивост и скржавост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не можеа да си ги видат очите, беше мрак, не смееја да си ги подадат рацете, би било многу необично и многу ненадејно, но можеа да го чујат шумното дишење еден на друг и да го чујат секој за себе лудувањето на сопственото срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо Димо целосно беше збркан. Веста што ја донесе шумарот беше нешто сосем неочекувано, докрај необично.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе