обучи св.

обучи (св.)

И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако таму ќе ги обучеа колку толку, одново откако ќе ги натераа да се заколнат дека ќе се борат за славата на Србија и на Кралот, ги испраќаа во првите борбени редови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие пак беа доведени да ги перат борците што се обучуваа во Битола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако минаа три години тој веќе ја беше толку припитомил и обучил што можеше слободно да ја воведе во куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Колкумина писатели се обучувале на курсеви за креативно пишување? Некои од нив сигурно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку физичари се обучувале во физика? Сите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целта на овој проект е низ цела Америка да се основаат истражувачки центри во кои луѓето би се обучувале за употреба на психоделичните дроги. Маргина 34 113
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Постариот тип социјалист, кој беше обучуван да се бори против она што се нарекуваше „ класна привилегија“, заклучи дека тоа што не е наследно, не може да биде постојано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие денови, или поточно набрзо по доаѓањето на Белогардејците во нашиот град, овдешната армија издала наредба да се примат од редовите на руските офицери повеќе инструктори кои ќе им помагаат на српските офицери во обучувањето на војниците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметаше дека адвокатската професија, за која изучи и се обучи во Цариград, ќе го одржува на дистанца во земјата чиј режим брзо се менуваше, а правните институции не влеваа голема доверба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За да го правиш добро, можеби некој (геј или стрејт) ќе треба да ти покаже како се прави тоа, некој кому тоа веќе добро му оди и што ќе може да те иницира во тоа – покажувајќи ти, и тоа нагледно, како да го практикуваш и обучувајќи те ти самиот да правиш како што треба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)