овес м.
овесен прид.

овес (м.)

Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Бел афион во тебе расцутил, жито расте, класи до појаси, ко море се лулеат по тебе – вширни ниви бурните овеси...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Цел живот живеам во овој керпич, јадам леб од овес со праз и грав.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Еднаш ќе ги видиме како делкаат дрвени сандали од бука, другпат како го збираат овесот од изметот на коњите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И чекаме така: ден, два. Гризиме пексимит, како глувци овес.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајдучка трева, штркоцвеќе, див овес, не знам што беше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На небото бел срп светка, ѕвезден овес тој ќе жнее.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Живни. Имам вреќа нов овес во кујната – да донесам за да го нахраниш побратимот?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во шталата имаше малку овес и сува детелина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И житото зрело со златесто класје, и амбарот полн со јачмен и овез, и кошот го сакам со пченкарно зрно, и сеното во стог, и слама во копа..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)