онлајн прид.

онлајн (прид.)

И од сѐ ми се смачи. Ми фалеше забава, ми фалеа комплименти од добри момци, за промена во живо, а не само онлајн на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во истиот момент, од другата страна будниот дробач број 3 е „онлајн“!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)