опне св.
опнест прид.

опне (св.)

Па времето се оклештило, јасници, опнало дење сонцето: пече ли пече! Кој може само да работи!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кој ќе чуе ка ќе рече: „Билјаровите невести се поѓупчиле, ете, гаќи опнале, како вретенарките од Мелница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бојана ја опнала новата алова кошула што ѝ ја купи Ристе од манастирот, море — нов прегач, нови алови чорапи, саѓиа, килим, грлниче, па дури нов појас од осум оки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тенките и ковчести раце на првиот пак се опнаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговото оддалечување е силно опнување на нишка што се наоѓа длабоко закопана во срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кожата на ситното лице се опнуваше мазна и разнежено добра.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„А што му знаеш каде ќе го опне сега, може многу лесно и на нашине темели“, - шепна некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ако те опнам по муцка нема да те спасат ни Русите. АНДРЕЈА: Остави ги Русите на мира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сакате да ми го опнете професоре?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислата им се мајтапи и така куртулува, а оваа надворешна ѓурултија не ѝ може ништо: севдата се опнала како ластегарка и лета каде ѝ душа сака: маката пак, најтешкиот синџир, џврчнат со жежок белег, пак е само нивни и никој нема патечка до него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попот се опна да ги задржи, се опнаа и самарџијата и татко му на ибн Пајко, ама тоа не помогна и Бошко, кој истрча пред попот Ставре, прв се нанижа на турското сечило.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)