оризиште ср.

оризиште (ср.)

Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаеш дека таа вода мириса?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ми го кажуваше ова важев за пораснат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе нараснат, ќе нараснат како модри сливи и ќе ти се откачат од ногата. Така се однесуваат пијавиците.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)