офанзива ж.

офанзива (ж.)

He еднаш непријателот вршеше офанзиви за да го скрши отпорот на народот и да ја уништи неговата војска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тоа беа офанзиви над народната војска, над жени и деца, над старци, над куќи и кошари, над добиток, офанзиви над момински и невестински ковчези. Заедно со војската која што отстапуеше од селата во планините бранејќи ја секоја попалена куќа и плевна - се точеа колони од испиени, но непокорни лица.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Вели, по офанзивата на Грамос, иако не нѐ уништија, нѐ чека нова.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Офанзивата почна од Солун, вели, сум ги заборавила имињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај се загуби по офанзивата во Гревена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Споменуваат нова офанзива на мофашите, креваат тивки узбуни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се случи, меѓутоа, евразиската Висока команда да започне офанзива во Јужна Индија и да ја остави на мира Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На пример, според „ Тајмс“ од седумнаесетти март произлегуваше дека Големиот Брат, во својот говор од претходниот ден, претскажал дека фронтот во Јужна Индија ќе остане мирен, но дека наскоро ќе почне евразиска офанзива во Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Германската офанзива траела од 5 до 18 јануари 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При крајот на јули и почетокот на август Маклин почнал да добива информации дека германската офанзива попушта и дека иницијативата ја преземаат партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
316 На 3 јули Conserve ќе извести дека во “оваа област има триесет илјади луѓе без храна како резултат на бугарската офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Деновиве му пишував писмо на еден мој соборец од тие тешки офанзиви, инаку угледен културно-уметнички деец: „Драг пријателе, Еве ме мене во центарот на светот што го сакаме, како одам од врата до врата нудејќи ги своите сценарија, идеи и соништа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Рим презел нова офанзива против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Мора да инсценираме инцидент - извика Дулитл. - Прво ќе ни удрат 2 шамара па после ние ќе им удриме Тв офанзива - се протресе падавичарот Кољо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, тој наместо да се повлече, тргнал во друга офанзива, па почнал да ги намамува раководните луѓе од студиото на Дизни да работат за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овие настани најубаво ги има опишано писателот Бранко Ќопиќ во делото „Осма офанзива“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од достапните податоци за прегледот на работата до 2009 година, Уставниот суд постапувал по вкупно 154 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, додека пак во периодот 2010 2014 година по вкупно 88 барања. 150 Постапката за заштита на загарантираните права и слободи од чл. 110 ал. 3 од Уставот е уредена со чл. 51-57 од Деловникот на Уставниот суд (1992). 135 ЗАКЛУЧОК КЛАСНА ОФАНЗИВА НА КАПИТАЛОТ КОЈА МОРА ДА ЗАПРЕ!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А таа клима нема да падне од небо, туку ќе се создаде со јакнење на автентичното и здраво работничко движење, организирано во силни грански синдикати кои со својата масовност и организираност ќе можат во било кој момент да поведат класна офанзива преку традиционалните методи на борба: штрајкови, окупација на работно место, протест.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)