охрабри св.

охрабри (св.)

Спомнете си кој ви навредувал земја, и нека срцата охрабрат ваши!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Неговото молчење нѐ охрабри и ние глупаво се шегувавме со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тоа време Митра ја гледаше што прави, и кога почна да плете поарно од неа, си рече во себе: „Море, орјатката една, ваа пофарк ќе излезе од сете нашинцки невести!“, — но ништо нејзе не ѝ рече, само ја охрабри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги развлече усните и почувствува под јазикот вкус на смола. не знаеше дека само со едната страна на лицето се смее зашто се изнасилуваше да најде отпор, да се охрабри или да разбуди страв во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белата трага на последната дневна светлост што допираше од негде го охрабри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Гледаш дека е така, се охрабрува Петко и кришум ја подава раката кон шишето. - Ете, гледаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сега, по толку години таа чувствува закрила, охрабрување кога застана лице в лице со него. Замаено гледа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој веднаш знае дека сакаат да го охрабрат за да не се плаши од боцнувањето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Слабо, скоро нечујно офкање го охрабрува другиот:е „Не давај се, Кара-Демире ... Овде сум, бдеам над тебе.“ ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ќе се предадам, шепоти или мисли и чека и другата судбина да го охрабри со нешто од својот живот, настан или име или што и да е, а до неговиот слух, достасува само шумолење на дожд и пак - квичење, потоа тажачка на животно.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ме охрабрува само еден страк трева што се подава од една пукнатинка меѓу поплочената патека пред скалите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмногу за него што можеш да сториш, ако негуваш вистинско сочуство, е да го охрабриш да доумре. Ако умееш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секретарот мигум молкна за да го види ефектот од своите зборови, па охрабрен од молчењето, продолжи: – Ние со многу тешкотии најдовме куќи за вас. Подигнавме бараки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние децата живнавме. Братот партиец, охрабрен од претходната пофалба на шефот, прв одговори: – Балканска! – Балканскааа! – запишуваше шефот. – Немаат козите националност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По ова, поставив неколку прашања кои ги охрабрија да ми раскажат за позитивните моменти во нивниот однос.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Доволен број од нас се враќаа со вести „од прва рака“ охрабрувајќи ги и другите да се обидат во истото - увод во масовното излегување на студентите на улиците во шеесеттите години.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бевме охрабрувани од повеќе страни - Kerouac и Beat писателите, дикцијата на Saul Bellow во The Adventures of Augie March, појавата на говор сличен на оној на Herbert Gold и Philip Roth - и видовме, најпосле, како на две многу различни варијанти на Англискиот јазик им беше дозволено да коегзистираат во книжевноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прашањата од нивото на свесност ја охрабруваат индивидуата да го изрази и да го определи значењето на правците на развој кои се случуваат во нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И Богдан, отпивнувајќи од чашата, погледот го држеше кон неа; охрабрен од пијалокот сѐ така очите ги имаше вперено кон неа за да ѝ го види подобро и подолго оној нејзин змиски поглед, оној нејзин отровен насмев, она нејзино кисело собирање на усните мачејќи се да се насмевне, она нагло менување на боите на лицето предизвикано од внатрешниот немир, она нагло менување на расположението, она нејзино нервозно префрлување нога врз нога, она почесто палење цигара и нервозно гаснење тукушто запушена и она нејзино уморно поджулнување на слепоочниците со прстите, она нејзино постојано ставање на рацете на маса, па на скут не оставајќи ги ни малку да се смират.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе