пенал м.

пенал (м.)

Со прекор во гласот ми вели дека сум премногу критичен спрема себеси, дека ги бројам само промашените пенали, дека ги потценувам сопствените чекори, дека плукам на сето она што сум го правел во стариот крај, дека заборавам дека имам потпишан договор за својот прв холивудски филм, дека умеам да бидам патетичен, да се сожалувам, да уживам во сопствената меланхолија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Порано ми ја доделуваа понекогаш честа да бијам пенали, со кои нашите игри обилуваа, а бидејќи ги изведував доста вешто, можев да постигнам и јас гол и тоа ми причинуваше, се разбира, посебно задоволство.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега, меѓутоа, самиот требаше да се откажам од пеналите: не можев да примам на себе одговорност да шутирам со такви чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Патем речено, со еден мој исто толку талентиран за спорт колега и пријател, не сторивме дикат дека на натпреварот се шутирал пенал.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тогаш, ако се случеше пенал, нашите викаа: „Остајте, остајте, малиот нека им го збибери!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)