пензионерски прид.

пензионерски (прид.)

Истиот ден, во влезот на зградата налетав на дедо ми кој со својот нераздвоен другар од пензионерскиот клуб живо гестикулираше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На дедо ми му рече, враќајќи му ја личната карта и пензионерската книшка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Знаев дека началникот на кадровско но и шефот на книговодството кои наскоро ќе заминат во пензија беа пројавиле желба сликава на Неткова да им биде тој пензионерски подарок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наместо да придонесе за развој на неговиот град тој дополнително го упропастува Скопје, а неговиот град станува пензионерски дом.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Овие пензионерски денови колку се убави, толку се и монотони.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)