пинцета ж.

пинцета (ж.)

Минливоста кружи – тик . . .тик, так . . .отворена, без одбрана, чекајќи пинцетата, водена од моите сигурни прсти, да се забоде во нејзиното мало, метално срце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми чукаат инструменти од болничката ковачница: клешти и виљушки, пили и сврдли, ножици и маши, пинцети.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На крај татко ми ме однесе на доктор, а тој ја извади со пинцета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)