питомост ж.

питомост (ж.)

И тоа сега како да насети нешто и се смири крај него, воопшто не покревајќи го погледот кон неговото лице, а сепак со онаа постојана подисправеност на својата главичка и со една чудна питомост во својата стојка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Стариот пак уште повеќе се наоструваше против него и потсеќаваше на оние диви ѕверки што биле припитомени извесно време, но потоа нагло, поради една или друга причина ги напуштаат привичките на питомоста и пак се настрвуваат и пак ја наоѓаат својата вистинска природа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)