подруг прид.
подруго прил.

подруг (прид.)

Сијалиците почнаа да се гаснат. И осветлените прозорци, еден подруг, исчезнуваа во ноќта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секој различно осветлен прозорец раскажуваше подруга приказна, подруга тајна откриваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ако не ти чини, препомини го, ми велат другачките и пак се смеат, се укаат, една подруга се укаат и гласот им се шета ко ѕвонец низ полето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Причината беше сосема подруга.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа исчекување како да внесе промени во нив, како да започнаа да стануваат подруги; не се расправаа, не се караа како порано за секакви и секојдневни работи: кој кому му пресекол дрво во забранот, кој во чија ливада пуштил добиток да пасе, кој кому му направил штета во нивата, чија кокошка снесла јајца во туѓа плевна, или претала во вртот, та била заклана, кој кому на славите и свадбите му опцул мајка, го плукнал или удрил; кој во чија жена зрчел и ја задевал; кој кого го поткажал на џандарите дека ја пцуел власта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тие мигови на безизлез, да имаше малку пеницилин или некој друг антибиотик, подруга ќе беше судбината на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше обземен од овие проклети времиња на еден подруг, задлабочен начин, кога луѓето повеќе веруваа во спасот со козите, отколку од спасот со револуционерните промени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Токму поради дегутантните количини на романтизам кои никако да покажат подруг квалитет освен оној кој овде слободно би го нарекле -трагикомичност, и повторно ослободени од целокупниот лажен морал на современиот хуманизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби со подруги очи гледа на неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но јас ја сакав Ина на еден поинаков, сосема подруг начин од Луција: ја сакав како мој спасител.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Власта, како што знаеш, има подруги патишта и други начини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но почна Војната, власта се смени, дојдоа други полицајци, со подруги задачи, а случајот со убиството на Ролан го прекри правот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Белки мојата Пелагија ќе има поинаков живот, подруга судбина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ќе завене малку Соколе и пак се разбудува, и сѐ си тече тоа изворче од милозливост, а на јасното септемвриско небо, кога да се разбуди, сѐ подруги ѕвезди се наднесуваат над него, како да сакаат сите да стигнат на ова ноќно празненство и да пеат тихо -„уневести сја“.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Не знам, треба да видам, - рече Крсте, и придаде со подруг глас: - Треба да знам зошто ти е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чувството на носталгија кај нив се манифестира на подруг начин.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ја имав среќата во животот да се најдам под сенката на неколку такви личности на Франција, кои му даваа една сосема подруга смисла на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе