поткастри св.

поткастри (св.)

Ех, да знаеше барем малку да држи ножици и да потсечува ваму-таму, тогаш косата на Зоки Поки сигурно секогаш ќе беше убаво поткастрена. Но, можеби и за среќа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А јас ако го видам ќе му ги поткастрам роговите и ќе го скопам, ќе видиш што ќе му направам. Господ го држам за сведок.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Соколе се шета и гледа. Има некаква надворешна промена во него - не ги носи веќе броениците и мустаќите малку ги поткастрил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Раиз секоја пролет го поткаструваше фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно настана долга тишина во која металните штракања на ножиците, додека Кети ги поткаструваше цвеќињата, звучеа неприродно гласно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еднаш, кога седна на истово столче, таа, без зла намера, повеќе на шега, му рече: „Си гледал шатка како трча, со крената тртка и поткастрени нозе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Главите на пилињата беа една по една вешто, како со ножици поткастрени, а кожата им беше вовлечена, така што шиите личеа на корења од четири отсечени прсти, што беа заглавени во мрежата на кокошарникот. „Ракун“, извика Милан. „Или лисица!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еднаш неговиот сопствен син Арак трчаше осум блока до берберницата каде што татко му ги поткаструваше мустаќите, за да му каже дека куќата им е во пламен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имено, власите во градот одлучиле, за да заштедат пари, тревата во парковите да ја „поткаструваат“ со две стада овци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)