праведник м.

праведник (м.)

Вака, ние сме праведници. Човековата волја ги поткопа Алпите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И како веродостоен доказ за вистинитоста на својата приказна ја земаа месечината - Бог направил така, таа ноќ испратил да грее во Потковицата и на земјата јасна месечина, јасна небаре јасно сонце, за да им го осветли патот на праведниците, на свети Јован Крстител и на Бошета нивни: сега веќе не Јанчески, туку нивни, од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Грешел, страдал, заслужил да се именува праведник. Брадата на попот апостолски му се кадрела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Праведниците што ги почитуваа заповедите и правилата на крајот на приказната можат да се наречат и губитници!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да бидеме праведни?‘Тогаш ви реков дека во Светото писмо е запишано: ’Праведникот ќе живее преку вера!‘ И уште ви реков дека сите сме грешни и дека нема ниту еден единствен човек што сам по себе е праведен, оти грешни сме се родиле и грешни умираме, та само милоста Божја кон оние што поверувале ќе ги спаси.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За него немам грди зборови: праведник со малку среќа, но со многу чесност и храброст.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гласот на праведникот имаше излезност како на референдумот од 2004 година. Можи и бетер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во неговиот 129 сон на праведник таа редовно го напаствува, затоа што е лудо вљубена во него.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа вечер заспа со сон на праведник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш, пишува во Торá, на небото се отвораат три книги: книгата на праведниците, книгата на грешниците и книгата на колебливците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уште и се чудите од каде толку праведници во редиците за покајание.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)