прат (м.)

На предниот дел колиба од пратови. Пред неа разгранет орев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Да го прата на даскал, ќе ми се смеат виа орјатки, селанките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука ги најде и остатоците од едно старо седело и огнето од нив сосема порасте, така што сега веќе можеше да му го стави и најсуровиот прат, што го скрши околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко знаеше дека тука нема да може да направи ништо ни со своето стоење, ни со својата посегната рака, пред која срнчето продолжуваше да трепери како прат; та тоа и потаму се плашеше и од својата сенка, и тој го стори само она, што сега можеше да биде сторено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму беа сместени дрвата, а по ќошињата имаше и некои греди, пратја и алати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како прат над вода се тресат, а лежат на сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Јон само се тресе. Ко прат, ко лист во гора се тресе и му штракаат вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои прачиња ќе ни ги истераат очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од нив ни се ишарани главите, како на кози стрижени на пратови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тапанџијата оди пред тебе и по тебе, му шета тапанот по мевот, забркан меѓу удиралката и белото дреново праче што шврка, што штрака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога никој не го очекуваше тоа, чичко Никола ја запре колата среде реката, божем да ги пои воловите, а потоа наеднаш се сврте и силно извика: - Марш бре, магариња! - и замавна со пратот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)