преблаг прид.

преблаг (прид.)

Ти, со тие твои преблаги зборчиња, просто ме омајваш и јас никогаш не можам, што се вели зборот, ни во сонот да помислам на друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Преблаги господи, не нѐ оставај никогаш сами. (Попот пребрзо ги води.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Имаше еден чудесен ден во гладта, преблаг ден за сите нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се родивме крај нашата река во мирисот на земја и трева испотени од топлата утроба на преблаги црвени булки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)