преклоп м.
преклопи св.

преклоп (м.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Имаа прекршен изглед кој се добива кога некоја крута хартија, веќе свиткана и притисната со преса, се превиткува во спротивна насока, по должината на истите рабови што го сочинувале првобитниот преклоп.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Преклопот на твоето тело и мигот кога ме нема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)