прекрои св.

прекрои (св.)

Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Градот во времето на фашизмот се прекројуваше, се ширеше низ големи булевари.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Жедта за моќ и владеење, која тешко се контролирала во големите воени походи и завојувања, ќе ги предизвика трајните делби, прекројувањата на границите и немирите на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)