присвои св.

присвои (св.)

Исто така, малите држави мислат сега оти Бугарија сака да се ослободи Македонија за да си ја присвои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кој во други дела или фрагменти од тие дела, одделно од „Логиката“, го сфаќа или го присвојува Хегел, тој никојпат не го разбрал.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но некни Бузо и неговите насила ни влегоа, испокршија сѐ и ни ги присвоија колибите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имено: тоа писмо им наложуваше на раководствата да ги натераат сите дотогашни патријаршисти, што се сметаа за Грци, да се откажат од патријаршијата и да станат екзархисти или Бугари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сликата успеав да ја симнам и да ја притиснам на градите, како крадец некаква скапоценост, за која долго мечтаел да ја присвои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Него си го присвои Тахир бег Јаузоски. Вие, Јанчевци, рече, не знаете да гледате.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Преку обете усни му се протегала гребаница - бодел со нож, бодениот се бранел со нокти, бодел брзо и со кратки удари и ја присвоил пушката зашто рацете му биле покрвави од на другите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако му е судена загубата да претежнува над радоста, зарем присвојувањето на овој отисок што занесот на боженскиот танцувач го оставил во мекоста на каменот, не го претскажува конечниот пораз?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во исто време таа го толкува реакционерниот тренд како еден обид од страна на мажите повторно да ја присвојат моќта врз жените која државата до извесен степен им ја одзела.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во последнава деценија настана значајна регресија бидејќи силите од десното крило се обидоа да ги присвојат овие заслужени социјални и политички победи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Културното заедништво го втемелува присвојувањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Идиомот, ако го има, она по што препознаваме нечиј потпис, не се присвојува, колку и парадоксално да звучи тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако Партијата, во согласност со обичајот, го присвојува пронаоѓањето, атомските бомби се појавија првпат во почетокот на четириесеттите години на дваесеттиот век и првпат беа употребени во поголем број десет години подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И ако е така, зарем не е тоа само еден единствен запис за славата земна, што власта постојано го присвојува и само врз него се препотпишува?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нели облеката не го прави човека?“, ми се руга татко ти со некои мои излитени зборови што којзнае зошто ги присвоил, и шашливо се смешка, како да смислил којзнае колку голема шега.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе