присилба ж.

присилба (ж.)

Овој тевтер, или повеќе истородни тевтери, со сигурност се знае, во Потковицата суштествуваа до почетокот на педесеттите години на овој век, односно од времето кога присилата за колективизација многумина од Потковицата ги распрска на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Импулсот може но не мора свесно да се потиснува, а чинот може но не мора да е предмислен или планиран. (ICD-9-CM) Вебстеровиот речник ја дефинира „присилата“ малку поинаку од „неодолив импулс да се направи некој неразумен чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да створи еден изолиран свет, префинет и перфектен во својата ограниченост, свет кој подоцна ќе биде ставен во служба на мистификација на системот или третиран како подлога за извесни финансиски манипулации, или пак ќе служи како транспарент на страв, закана и присила?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грдо е други да обвинуваш за потфати што самиот ќе ги сториш па дури и тогаш кога била присутна и некоја нејасна присила и страв.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А лично не сум сигурен каде води присилата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А зошто и да не зборува? Нема потреба од присила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ангелеска de facto беше принудена, под присила, да се потпише дека ги примила тие средства, со ветување дека тие отпремнини нејзе и на останатите работници ќе им бидат исплатени подоцна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По нивното пристигнување, фотоапаратот и филмот под присила им бил конфискуван, а го принудиле и британскиот возач да ги врати во нивниот Главен штаб.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)