сако ср.
сак м.

сако (ср.)

Сако, елек, панталони, колосана кошула, вратоврска се разбира. Благо побелена коса, уредна фризура.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во банка посегнуваш по паричникот во внатрешниот џеб од сакото – сите легнуваат на патос.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И кога некој во грдо сако со дамски гради и со безобразни панталони, подигнати речиси до колена, право од воз влетува во нивното претсобје, тие брзаат да го понудат со чај, а во очите им се гледа најжива заинтересираност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тој момент во џебот на сакото на Краста заѕвонува неговиот мобилен телефон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговите очила, нежните, немирни движења и фактот дека носеше старинско сако од црн сомот, му даваа некаков неодреден изглед на интелектуалност, како да е човек од перо, или можеби музичар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие двајцата запалија „марлборо“ од кутијата што човекот со костумот и со лузната ја извади од внатрешниот џеб на сакото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако промени неколку кројачи, а помеѓу нив и најпознатите од Стара чаршија, нему не му појде од рака да стрефи мајстор кој ќе му сошие сако што ќе ја прекрие чудната форма на неговиот граден кош и ќе го поништи впечатокот дека неговото торзо е градено врз скелет од голема птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа внимателно следеше како мојот постар брат го фрла на рамињата сакото; како сосема непотребно прави уште еден круг околу големата маса во салонот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ништо необично. Човеков трага по заборавеното сако!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Александар допатува со тегет сако во куферот, дворедно и со сребрени копчиња...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На главната врата од ресторанот таа застана за миг, му ги стави двете раце на вратот на Љубо, се поткрена на прстите како да сака да го бакне, но со ситните прстиња му ја намести јаката на сакото, шепотејќи му: „Изигруваш мангуп, куре едно.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го замоливме продавачот ако може да ни даде распар еден број панталони и за еден број поголемо сако, но тој само ни одговори дека тоа не е можно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се фалеше тој како да има којзнае колку пари, ми го покажуваше прекрасното кремасто одело што го носеше, дури го соблече сакото и го сврте од внатрешната страна за да ми покаже која марка е, не се сеќавам сигурно но мислам дека беше Армани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговиот лик е заматен, но го носи мојот шешир, а јас пак над сакото сум ја натнал неговата хавајка.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Розева кошула, сиво сако, фармерки, патики и, неизоставен дел, стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По шпицата, презентерот чијшто лик го знаеше целата земја и кој според некое непишано правило секоја вечер погрешно ја сложуваше вратоврската со сакото, со глас што оддаваше лажна енергичност, го најави првиот прилог – киднапирање на ќерката на висок гардиски полковник од страна на нејзин колега, вработен во Секретаријатот за информирање.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
До насмеаниот Мартин, сликан во зелената маичка на локалниот фудбалски клуб, стоеше мртво – сериозниот Александар во колективно - генерациското матурско црно сако и смешна тигреста кравата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)