свеж (прид.)

Од мртвенски сништа тие ќе ве будат вас, јунаци смели, со песна и смешка, со гороцвет кревок, со цвеќа ве нудат, што лежите вие во гробнина тешка. Bo избрана куќа сте легнати тука на вишина свежа, и зелена, студна, и бескраен поглед насекаде пука и успива душа во возбуда чудна.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
По земјата имаше послана куп свежа слама, на испреплетените гранки горе на покривот стоеше закачена лејка за вода, останата бездруго уште од полјакот и ништо повеќе.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Млада, свежа, убава пролет со кукурек и синолички, со бујни потоци, шарени ливади и нови солзи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од сцената повева свеж дах на младост и невиност. Сите сме како унесени.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога се разбуди и кога излезе да земе малку свеж воздух, Џивџик ја догледа пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ти си сѐ така свежа и ниедна брчка по лицето не ја издава опасноста што те демне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бргу струјка свеж воздух, удира во носниците на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чувствувајќи се слободен, дишејќи од свежиот планински воздух, Трајче сети како му се шират градите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гнилите гранчиња крцкаа и се кршеа... Ги заплиска свеж планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ги ширеше градите и дишеше од свежиот планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го подаде едното рокче, го помириса свежиот пролетен воздух, па кога се увери дека пролетта навистина дошла, ширум ја отвори вратата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се собраа токму на време да видат како Ластовицата, одморена и свежа, се одвојува од јарболот и летнува кон север.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но се сети дека е пролет и дека треба да му се радува на сонцето и свежиот воздух, па ги рашири крилата и летна уште повисоко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А вие момци, можете да стрчнете до стубелот и да донесете свежа водица.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ распеаната долина, врамена со свежо зелените врвови на Чукарот, Грамадна и Гола Глава, поникнуваа и се простираа, догонувајќи се едни со други, илјадници звуци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе