сирак м.

сирак (м.)

Остана сирак гората, остана сирак народот, најголем сирак борбата спротиву свети Илија.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се обиде да им се спротивстави и... и остави четири сираци по себе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Меѓу другите сиромаси што ги собра Мефаил од Дуње беше и Андон Волканоски, сирак, без мајка, без татко уште млад — на дваесет и пет шест години но затоа удомен уште на седумнаесетте, та имаше веќе четири-пет ситни деца, како од вреќа истурени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нека знае дека иако сте сираци има кој да ве брани.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Костовица, сакам да речам мајка Евгенија, имаше четири свои сираци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога Крсте Младенов Акиноски стана глава на клонот на Акиноските што остана да живее на Имотот, односно на сираците Младенови и Спасиини, за да има кој да се грижи за нив, си донесе жена, некоја комитка, Султана по име, од костурските села, каде што комитуваа со братучедот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Имотот останаа да живеат, под закрила на Началството на Потковицата и на луѓето кои живееја и работеа на Имотот, сираците на закланите Младена и Спасија Акиноски, шест машки деца и четири чупиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ќе чуеш: една куќа сираци остави, кутриот, една куќа сираци остави...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„За грев. Му останале дечињата сираци.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Ни ги наполнија куќите со сираци, вели дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сфаќал. Шеснаесет години! Премногу за маки на сирак, премалку сѐ да се знае.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
7 Недалеку стоел со чело потпрен на карпа најмладиот меѓу нив, шеснаесетгодишниот Лозан Перуника, сирак и терач на туѓа запрега. Плачел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Петре Маљанов е сѐ и сешто во нашата црква што уште ја немаме, што се доправа. Останат е сирак уште од дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас после дознав дека се викал Иле Маленко, бил сирак и по потекло бил од струшките или охридските села.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
3. Грдан беше домско дете. Откако памети за себе живеел по домови за сираци, по училишни интернати и по студентски бараки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе