сиромашен прид.

сиромашен (прид.)

Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И радосен, зашто кажува како еден силен арамија, Арнаутин, ги мачел сиромашните селани и како тие, во времето по Хуриетот некаде околу 1909 година, му платиле за сето зло што им го сторил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пред големите празници почна поштедро да ги дарува сиромашните фамилии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар во оваа сиромашна неволја, на крај на светот, ќе живее Глигор?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас знам, ти си сиромашен бедуин, имаш деца и затоа си покорен и плашлив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Знам дека си роден во сиромашна куќа, во некој планински предел на Македонија, знам дека си го напуштил училиштето заради твоите идеи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Плаќаме членарина. Од членарината купуваме револуционерни книги и ги помагаме нашите сиромашни другари.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Стражарот внимателно го изгледа сиромашниот кираџија, го измери од главата до петиците и се сврти околу коњите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Држиме состаноци, работиме и читаме книги со социјалистичка содржина, збираме помош за сиромашните наши другари и друго.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Некојпат - почна Евто да раскажува, - во турско време, бил некој сиромашен рисјанин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка му само воздивна, ја крена софрата, ја посла сиромашната рогозина и легнаа да спијат... ***
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Ќе си одите - му одговори Планински, зеде седум-осум платна од падобрани, му ги даде на Евта и рече: - Овие падобрани ќе ги разделиш меѓу сиромашните селани во Мацково.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги одбранија сиромашните мариовски пазарџии од пљачката на Мусинските и Остречките качаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ЕЛЕНА: Знам дека е незгодно да се биде сиромашен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ацо и Веселин, така се викаа, ги фрлиле на печалба, малата печалба и сиромашниот селски живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бурдел бил голем пријател на југословенските студенти, кои биле негови ученици и се случувало често со нив да го дели сиромашниот залак леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе носиш одоздола, од Грција, му велам јас, таму не се војува. - Грција е сиромашна земја, вели Григор, сѐ што има Грција, сето ѝ е од бога.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе