скроти св.

скроти (св.)

Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе се скроти и премавне сѐ она во него...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А толку, толку силно сакаше да го припитоми, да го скроти тоа нежно, убаво шумско животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доктор Коста го гмечеше со палецот своето луле, молчеше загледан во темните сонливи буки, неми, скротени од тивката августовска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
16. ВОЛОТ ВРЖИ ГО ЗА РОГОВИ, А ЧОВЕКОТ ЗА ЈАЗИК - но вол ортомисан да скротиш и не е никаква беда, а човекот така врзан тебе јазикот ти го плази, небаре ти самиот, беда, во огледало да се гледаш...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
18. ГОСПОД ШТО ЌЕ СПОИ, ЧОВЕК ДА НЕ РАЗЕДИНИ ПОТЕМ - но и матичарот да се јави на закопот со власта па и со параграфи да го приклешти тој, скротен, спор меѓу мажот и жената адамоевински прастар...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кога разбра Профим дека Девица се скротила, му рече на Полина: „Ти реков, и мајка ѝ беше таква“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту моќниот Океан не може да го скроти нејзиниот оган, оганот што слатко ме пече...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На наставничката некако ѝ успеа да го скроти одделението и рече: „Не е правилно книгите да се делат на женски и машки!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Се скроти?“ ме прашува тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Лавовите мои во главата да ги скроти се обидува, да слушаат им наредува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ќе ви кажам отворено: според моите набљудувања, тој се наоѓа во состојба на најголема озлобеност и напнатост, а сосем не го скротил затворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татко му и мајка му мислеа ако го женат ќе се скроти, ќе се измени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Струга, летото 94 во оваа песна Во оваа песна Скротив: Една планина Еден коњ Една есен И две Зенгии. ронки Врз листот: Врз кој ријам И се кријам Врз книгата Кајшто спијам И живеам.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Во нашиот Атеистички музеј на најдобар начин ќе видите како ја совладавме религијата, ја скротивме историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оти кажано е: кога гордоста ја почитуваш, таа кон тебе свирепа е и сурова, а ако само собереш сила да ја презреш, ќе ја скротиш. Но јас сила таква да му се спротивставам – немав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу узди не можеа да го скротат тој силен дух, тоа Божество пред кого големите води молчеа, а небото се откажуваше од намерата да војува со него спроти секоја негова битка!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Повеќе