смешен прид.

смешен (прид.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нивниот кираџија, руски емигрант и продавач на мали гипсени фигури премачкани со црвена и златна боја, познат под името Генералстап, победнички се удираше со големата тупаница по разграштените влакнести гради и во бас со смешен јазик говореше: - Вода, вода! Мачки, мачки!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев вљубен во синооката Ана и љубовта ја знаев до тој ден како разговор за книгите - за Робинзоновиот Петко што избегал од човекојадците, за Гуливеровите смешни настани во земјата на Лилипутите, за детските војни во Павловата улица, за сите Вернови и Велсови фантастични чуда, за приказните од Илјада и една ноќ.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кловнот не бил смешен. Лавот бил стар, изнемогнат, слеп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А денот е слабо доенче и не може од мртовечкиот ковчег да направи колепка. Смешен сум.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прочуениот Август Рицман со смешни гримаси на лицето оди кон смртоносниот топ. Тој, живата граната - Август.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ха, стар шегаџија, вели. Честитам, смешен си.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Смешен сум, рече. Што говорам, се насмевна. Тоа беше прва насмевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јасно беше, тој мислеше дека лесно ќе ја заведе и се кривеше во лицето напрегајќи се да се допадне. Смешно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да споделиш без страв дека ќе бидеш смешен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изгризената козирка од стариот, безбоен каскет, кој секогаш му стоеше искривен на главата и му го поклопуваше увото, ја дополнуваше неговата жалослива, дури по малку и смешна фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наивноста понекогаш те прави смешен и будалест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Смешен си момче. - Смеј се и робувај му на стравот за својот живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Смешен крај! Треба да го одбегне ова понижување и срам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јаренцето се покажа една многу смешна животинка, која во утрините сосема забораваше на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леле колку беше смешен! Немаше друга работа, па со една жица ги буцкаше сите книвчиња што ги испуштаа децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зоки со машата си го исцрни лицето, а со карминот на мајка си си нацрта смешни извиени мустаќи. Бабата пак не се насмеа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Палјачото ѝ беше толку смешен на сенката што таа се засмеа, се заниша на гранката и тресна на земја како презреана дуња.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Повеќе