спас (м.)

Над ваште невести и ќерки плачете, о бедни, бидејќи за нив нема спас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците, Бугарите, Србите сите заедно нѐ уверуваат нас дека ние сите сме само од нивната народност и оти нашиот спас е само во соединувањето на цела Македонија, или барем на еден голем дел од неа, кон нивната држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спасот никојпат нема да ни дојде од пропагандите, зашто ако е денеска едната посилна – утре ќе стане и другата таква, а првата ќе ослабне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: (Божем се мачи да најде спас.) Што да ти кажам, чорбаџи Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А веќе дека душата ја фрлив во ќенефот, тоа сега го гледам, но не гледам некој спас.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Свеста за спас од таа положба беше изгубена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од каде ќе дојде тој спас, не и беше јасно, но постоеше во неа надеж и таа машки се држеше пред кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги почувствува во својата крв сите свои дваесет и пет зими и, не сфаќајќи како го бара својот спас, се завлече во касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А кој и да е ловец, каков и да е не може да крене пушка на зајаче што гонето од некоја ѕверка бара спас од тебе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И нема од никаде ни помош, ни совет, ни спас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа мисла продираше како отров, а од него немаше спас.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Спасен си, момче! - Каков спас... По ѓаволите сите вие!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш кога беше видено, сиот спас, што беше преостанат, беше само во бегањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не можев да се помирам дека му нема спас...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа ѝ дошло до нос на жена му и спас нашла во манастирот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мора да има лек, мора да има спас, викаше избезумено Маруш и започна сам да го лекува и да му бара спас на Висар.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така се викале апчињата за смирување што морале да ги земаат поданиците на Месопотамија по распадот на сумерската цивилизација. Им биле пропишани од владата на национален спас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нема спас. Такво ни е времето: расклепано, раскуќено, колнато.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе