спастрен прид.

спастрен (прид.)

Беше немажена, уште неспастрена, што се вели, но дали мораше да блудничи со војниците и така да си ја развалува снагата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Работите во куферот ми се уредно и внимателно спастрени, а врз нив лежи папката со рефератот што треба да го прочитам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Доктор Миха во моментот ги откажа натамошните приеми и прегледи, се погледна дали е доволно спастрен за да се истопори пред власта, и јурна со колата кон полициската станица за која приближно знаеше каде е, но во која никогаш пред тоа не беше стапнал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Жената, та девојка, та мажена, треба да си е потокмена и спастрена. А камо ли нешто што не личи!...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)