стварност ж.

стварност (ж.)

Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Болката ме враќа во стварност, во живот, во постоење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш требаше да се повлечам, незабележливо и на прсти да се искрадам од оваа куќа и да се вратам во својот град, во стварноста на својот век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И вака несетено поминуваше во една друга стварност во која сознанието им отстапуваше место на бладањата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во телото надојдуваше како по многубројни каналчиња, сила што го враќаше пак во стварноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И паѓаат во мртовечко заспивање. Без соништа и без осетливост за стварноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Молчеа така со поглед одпредметувајќи ги облиците, наслушнувајќи ја стварноста, сѐ до утрото. Во мугрите излегоа од дувлото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЈАКОВ: Уметноста ѝ претходи на стварноста. Нашата цивилизација дваесет и пет века отплеткува јазли заплеткани од Платон и Аристотел. Кристина донеси чаша вода и чекан.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Возбудата поаѓа од окото – чудесното постои во стварноста и се вклопува во нејзиниот природен тек.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Таму каде концентрацијата е најголема, ќе цвета чудесната градина на втората стварност.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А тој им велеше: многу работи што некогаш се сметале за невозможни денеска се стварност...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, Таа ја изживуваше својата стварност убедено.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Второ, зашто и самиот сум во поезија на фрустриран бегалец, прогонет од вистинските и вообразени страшила од стварноста.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Стварноста го носи нивното лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сакаат лоша копија на стварноста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе