такси (ср.)

Се собра свет, џандари. Леле! На Славчета не му се оди в кварт, со земјата се залепи! Такси зедоа, насила да го одведат... (Смеење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај човек треба да се придржува за правилото кога е веќе во Истанбул, дека е поудобно да се вози со такси или „долмуш“ не само затоа што е поевтино, туку затоа што и побрзо и побезопасно ќе ве однесе на бараното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Онака поместен и растревожен, ме придигнаа па моите стаклени нозе и со заеднички поткрепувачки напори ме пренесоа до првото такси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Сега оди по Бел Стрит. Тој секогаш оди пеш... никогаш не зема такси... сега оди низ паркот, сега скршнува зад свиокот кај Оукхерст и сега...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Слушајте, повикав такси, пешки некако не ми се оди. Да тргнеме, да тргнеме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
(...) Додека плаќав такси, го видов Џед како доаѓа со полна торба флуоросцентни цевки. Го почекав.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Една ноќ Ерик и Рони буквално го изнесоа од таксито и го однесоа во неговиот стан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таксито на брат ми мириса на оган. Пепел и згура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Имаше пожар во таксито на брат ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бевме сигурни дека хотелскиот портир воочи дека нарачката за такси ја прими од самиот Јупитер и Јунона.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Би можел да ги искинам тапацираните седишта во таксито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Грета ја подига раката и таксито застанува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сместија во таксито што го повика Марија, и тргнаа кон дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Еве, стигнав. Да. Во седум, како и обично. Со задоцнување. Да, со такси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Половина час во таксито, со Ева, Лех и возачот, бргу ме увери во точноста, но и во непотполноста на препораките на сопатничките од авионот – Полјаците се учтиви, но и весели и зборлести.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Откако таксито нè вози до „Ексцелзиор“ и по предвидливиот дочек на рецепционерот, без оглед дали е оној постариот го густа, бела коса или помладиот, ќелав
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа фати такси кон едниот крај на градот, а тој тргна пеш кон спротивниот - дури не си ни закажаа следна средба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се јавив во Б за такси. Човекот се колебаше. Плаќам, велам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога сме веќе кај таксито одговорно тврдам дека најголем дел од таксистите во Сараево, Босна и Херцеговина, служеле војска во Македонија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Повеќе