тастатура ж.

тастатура (ж.)

Денешниот човек секојдневно удира по тастатурата, синтетизира сликовни пејсажи на екранот, воспоставува врски преку различни интерактивни мрежи и исто така навлегува во телематското друштво на теле-присутноста, каде што неговото секојдневно делување е стилизирано и демонстрирано. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 39
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со употребата на новата опрема - ракавиците и “cyber-suit”-от, коишто се всушност ништо друго туку обновена тастатура или глушец, со начинот на употреба на сопственото тело за пренесување на сигнали на компјутерот и со очилата ќе ги истражиме дигиталните виртуални стварности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Капетан Драган: Не знам зошто Армијата ги купува тастатурите на „Треска“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Знам да чукам букви по тастатурата, иако ги колвам и Александар ми вели дека личам на кокошка што се храни со букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако во 20 век забавата меѓу луѓето се одвивала на друг начини, преку секојдневна комуникација и дружење, денеска како најбољи другари ги имаме фејсбук и скајп каде од 10 до 15 саати дневно може да драпате и оговарате, а наместо фејс ту фејс да се дружите само преку типките од тастатурата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да можеа глушецот и тастатурата да зборат сигурно би нѐ отерале во 3 вагиналне материне за теророт кој го вршат луѓето врз нив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нетот стана прозорец на светот од него ни падна и наталитетот и сите шмизли го знаат редот па блицови фрштат во тоалетот Бог да го бие тој свет виртуелен живот компјутерски, извитоперен семејство збрано, ручек се тура трошки се ронат на тастатура Бутови, дојки, линкови од Цеца тетки у години бркаат деца врие манијаци, стари педофили женети дртала демнат по профили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И ноќеска ќе стоиме потпрени на прозорецот, резимирајќи го поминатиот ден: Станавме се измивме јадевме ѓеврек штракавме по тастатура некој ни се јави правевме ручек прошетавме на сонце гледавме вести читавме остана уште камионот, за сѐ да се заокружи.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)