трескање ср.

трескање (ср.)

Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застанаа гледајќи во вратата што трепереше од нејзиното трескање, од ударите на телото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ми текна!“ загрме вујко Ејнар и високо потскокна со заглушувачко трескање на крилјата. „Деца! Деца, така ве сакам!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некој некаде повторно ставил пет центи во отворот за пари на џубоксот зашто тој веќе минуваше низ прелиминарните трескања пред да почне музиката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)