трескоти несв.
трескот м.

трескоти (несв.)

Или би го преграбал здебеленото тело и би го отпратил преку отворениот прозорец на купето во мочуриштето низ коешто трескоти возот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Трескотеше потавмина продолжувајќи да го меле стаклото. Притоа и тој веќе врескаше некоја своја нечујна исповед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеднаш дотогаш не се имаше судрено со нив, но често ги слушал како трескотат по шумата со своите тешки стапки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зачудо тој не се трескотеше а си седеше замислен на една маса, со две-три селски момчиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Крај прозорецот седеше веќе со еден старшија дебелиот што трескотеше на станица.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На Коча му иде да даде двесте, само да не му трескотат над уши. Но тоа не е можно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)