усет м.
усети св.

усет (м.)

ФЕЗЛИЕВ: По миризмата? Нема тој, драги мој Луков, баш никаков усет за каква и да било миризма.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: А ние сосем не ја забележуваме. Сме го заборавиле усетот за неа.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога тој навистина би имал усет за миризма, би си го затнал носот и би избегал на крај свет, зашто сево ова што се шири околу нас, сосем не е...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште поужасна живописност на писокот, до усет за допир по лицето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Извонредната методолошка самосвест, философската дистанцираност, усетот за правење значајни терминолошки дистинкции, богатството од обработена литература и цврстото аргументирање на сопствените тези се главни одлики на ова дело кое далеку го надминува нивото на еден магистерски труд.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Утредента Едо брзо и лесно, благодарение на својот усет за работењето на моторите со којшто беше очигледно надарен, му ги смени плочките на кочниците после што течноста во садот за глицерин се поткрена и светлото на шалт-таблата престана да се пали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Продолжуваше со животот што ѝ преостануваше, со непогрешлив внатрешен усет и со чувство за мера, да си го исполнува својот круг на семејната судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распр­снато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
4. Дални дланки: и ум и усет и бит и битка. Две на еден човек на едно лице.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во 1954 година, психоаналитичарот Карл Јунг напишал дека геј- мажите „може да имаат добар вкус и естетски усет“9.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа имплицира истенчена чувствителност, повисок естетски усет, особена чувствителност за стилот и за модата, нестандарден однос кон предметите од главнотековната култура, отфрлање на обичните вкусови, како и критички поглед кон стрејт- светот и некоја заедничка колективна, но, сепак, посебна визија за она што навистина е битно во животот.8
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)