ут (м.)

Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еж ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го загледа налутено Андона и, прекинувајќи го за миг свирењето, му рече: - Мрдни се бре, ут ниеден... - пак го бутна со лактот во ребрата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пак еден осамен, невидлив ут, си го прогласив за дворски шут.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И токму во часот кога, откако се ослади со локумот, се пресегна по Коранот, се огласија харемкините, некоја свиреше на ут, другите пееја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен шумолењето на лисјата, во воздухот се движеа и други ноќни шумови - ут ќе писнеше, еже ќе зашушкаше во сувата трева, осамен стар лисец ќе залаеше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утот уште еднаш писна и ги покри другите шумови. И веднаш, како по спогодба, сѐ стивна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Плаче негде птица, почуј ја. Тоа е ут, ноќна кукавица ... Ти ги брои часовите.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Еден ут во Шумшул- град докажа дека и птиците умеат да разкажуваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој се фати за најблиската гранка, но во мигот над мене писна утот раскажувач, пред тоа во мојата сказна со име Утариус и, божем, славен лекар.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се симнав од дрвото. Утови, ве молам Утариус да го славите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас го сакам утот, ама сакам да ја сакам и тамбурата - разбираш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Покрај него, на миндерот, стоеше разотворена книга со стихови, а малку потаму, скоро поттурнати, еден арапски ут и една тамбура.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ја препознаваа само страста во песните изведувани на непознати инструменти. Утови, дајриња, кануни, баглами, меланхолични чалгии...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Автопат темен кон тебе ме води. Луѓе непознати наоколу дремат како ут на ветер.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)