фондација ж.

фондација (ж.)

И кога во таква една култура (во која илјадници луѓе проживеале цели страшни паразитски животи на „културни работници“, обезбедувајќи си го до своите втори и трети колена тоа страшно влијание и семоќ на нивото на ова бачило во кое се прпелкаме) некој ќе завриска: крадци!, доларите истекуваат!, време е за пар бројки: (а пред тоа, фала богу, мантрата: Сети се кој си, кој е твојот интерфејс, кои се твоите динамички инпути и аутпути што те одржуваат!): „Маргина“ досега од „Фондот отворено општество на Македонија“ (дефетистички, но сигурно со дебели причини преименуван во „Хуманитарна фондација Сорос, Македонија“) за објавените пет броја (во четири книги) добила 2 250 американски долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Проектот на младите научници ја доби првата награда на една Фордова фондација од далечната Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За крај, Движењето за социјална правда – Ленка сака да ѝ се заблагодари на Фондацијата „Роза Луксембург“ за финансиската поддршка која овозможи оваа студија да биде напишана и објавена. Ѝ се заблагодаруваме и на Лилјана Ковачевска за логистичката поддршка околу наоѓањето на повеќе потешко достапни закони кои беа анализирани во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во почетокот на 2010 година, Движењето за социјална правда „Ленка“ започна да го спроведува повеќегодишниот проект: Промоција и заштита на работничките права, во соработка со германската фондација „Роза Луксембург“. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странска организација, во смисла на ЗЗФ (2010), е странско или меѓународно здружение, фондација или друг облик на организација основана за остварување на заедничка цел која не е за стекнување добивка и е основана во согласност со правниот систем на странската држава (чл. 3, ст.1, ал.14 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со отворањето на „Фондации нанадежни граѓани”, т.е. сперма, би се спасила и интелектуалната елита во светот, односно ние како потомци на Александар Македонски мислам дека и културолошки би дале придонес во развојот на светската цивилизација.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сите трошоци околу патот, сместувањето, па дури и џепарлакот ги обезбедува американската фондација која го организира сето ова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбира сопственикот на мрежата тоа не им го заборави и великодушно донираше голема сума на пари за хуманитарната фондација на гардата „ Братска помош“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)