цутење ср.

цутење (ср.)

Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не, Симон Наконтик секако згрешил: на далечните планински врвови, подолу, снегот уште блескал а грчот на ветрот не ветувал скоро цутење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бранувањето на лавандата низ провансалските полиња силно ме потсетуваше на пролетното цутење на јоргованот во мајкината градина во нашата последна куќа, куќата крај реката Вардар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таму каде што седиш, можеше најинтензивно да ја мирисаш плимата на цутењето: во април, лилавиот и белиот јоргован, во мај, дивиот костен со пирамидалните цветови, дивата маслина и јасминот бел, во јуни, липата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се случува, вели, понекогаш вишните двапати да цутат, и има нешто многу убаво во тоа цутење, но и многу жалосно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нејзината црна коса така слатко го допира, што тој се сетува за убавината на второто цутење на вишните.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога постои Њујорк, постои и цутење во височина, цутење во стакло и метал.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)