ѕвон (м.)

Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Цин-цин! Цин-цин! Цин-цин! - се ширел низ присоите и осоите ѕвонот од стадата...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Камбаните непрестајно биеја и нивниот ѕвон одекнуваше наоколу умножувајќи се.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бевме будни кога се огласи познатиот ѕвон на главната порта. Мајка ми прва стигна да отвори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во далечината се гласи благиот ѕвон на козите кои се враќаат во трлата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како оловен ѕвон му се вратија зборовите: ВОЈНАТА Е МИР СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека учителот испитуваше на таблата една задача по делење, во училницата се разнесе ѕвон на искршено стакло. Тоа дојде така одненадеж.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Станав и постојав простум на чардакот. Ниту гласови, ниту ѕвон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Наместо одговор го чу последниот ѕвон на црковното ѕвоно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На надворешната порта се слушна ѕвонот од ударот на металното раче врз прикованиот метален круг. Ѕвонот се повтори три-четири пати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)