ѕвонлив прид.

ѕвонлив (прид.)

Тој меко го извиваше својот ѕвонлив глас, топло, занесено, со притаена тага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега беа двајца, над две чаши, додека од улица се слушаше дека дождот остава зад себе во олуците ѕвонлива трага.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе го прашаа, одговараше кратко и ѕвонливо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од дрвјето се огласија птички. Ѕвонливо. Трепетно. Слободно. Птички. Мали. Безгрижни. Пеат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зборовите изречени напевно и високо од ѕвонливиот детски глас го исполнуваат со задоволство овој служител на редот и спокојството.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На цвеќиња, на јаготки, на косено сено, на далечни чукари, на сенчести кории, на студени извори, на ѕвонливи стада...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Добиените звуци се сретнаа над ливадата, се смешаа и се претворија во една ѕвонлива, еднолична музика. Бојан ја крена главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Човек слично или исто може да си мисли и за луѓето кои собрани на куп и кои иако завиткани во кожуви се измрзнати и молчат несреќни и јадосани - дека се безумни очајници кои, ете, во коложег дошле да копаат `рвеник на пуста рида без вода, или да откопуваат нему нешто незнајно - да не е тоа, неговото, Максим Акиноското, ѕвонливо и постојано повторувано во веавицата Алелуја, алелуја, алелујааа!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не можев, а да не забележам чудна тврдост во нејзиното инаку ѕвонливо, распеано кажување.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ѕвонливите снегулки, оние истите од првите безбрижни часови, ја прекриваат плашливоста и изгубеното траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Носело магарето 'рпалци, сега бара зобница да му врзам на муцката, предизвикувачки рекла со необично ѕвонлив глас. - Вечер, се душел од возбуда Арсо Арнаутче. - Вечер, бездруго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и ѕвонливиот кикот на итрото ангелче; само некои сини, проѕирни вертикали, ѕунливи како трепетливите струни на носталгичното чембало, се извишуваат пред моите дремливи очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Кому му го продаде столчето? - праша Остап со ѕвонлив шепот. Овде Паша Емиљевич, имајќи натприродни сетила, сфати дека сега ќе го тепаат, можеби дури и со нозе ќе го газат. - На прекупец, - одговори тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во сокачето уште се бркаат, со ѕвонлива смеа, деца.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во сонот не можеш да ми побегнеш... Ме довикуваш со твојот ѕвонлив глас.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Долго време зборуваше турски со својот ѕвонлив цариградски акцент со својата тогаш среќна мајка, последна утеха по нејзините неостварени илузии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разлеа ѕвонлив девојчински глас и веднаш го прифатија другите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)